Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, во постојана координација сме со сојузниците во НАТО
- Безбедносната состојба во Македонија е стабилна и институциите внимателно ја следат состојбата во регионот и пошироко, особено поради актуелните геополитички случувања, оцени министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Скопје, 17 март 2026 (МИА) - Безбедносната состојба во Македонија е стабилна и институциите внимателно ја следат состојбата во регионот и пошироко, особено поради актуелните геополитички случувања, оцени министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Тој нагласи дека државата е во постојана координација со сојузниците во НАТО и оти безбедносните служби редовно разменуваат информации со партнерските земји. Според него, во моментов нема индикации за директна закана по безбедноста на државата, но институциите остануваат внимателни и подготвени да реагираат доколку се појават ризици.
- Членството во НАТО претставува значаен фактор за стабилноста и безбедноста на Македонија. Сојузништвото обезбедува механизми за колективна одбрана, но и подобра координација во справувањето со современите безбедносни предизвици - потенцира Мисајловски во гостување во емисијата „За или Против“.
Тој додаде дека државата работи на јакнење на одбранбените капацитети и модернизација на Армијата, што е дел од пошироката стратегија за зајакнување на безбедноста. Посочи дека инвестициите во одбраната и соработката со сојузниците се клучни за одржување стабилна и безбедна средина.
-И покрај нестабилноста во некои делови од светот, институциите во Македонија имаат капацитет и подготвеност да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, при што редовно се следат сите потенцијални закани и безбедносни предизвици - посочи министерот за одбрана Владо Мисајловски. фф/са/
Фото: МИА Архива