• среда, 26 јуни 2024

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Лондон, 2 јуни 2024 (МИА) - Тренерот на Борусија, Един Терзиќ изјави дека е горд на тимот, но истакна дека клубот од Дортмунд заслужил повеќе во финалето на Лигата на шампионите, пренесуваат германските медиуми.

Фудбалерите на Борусија синоќа беа поразени во Лондон од Реал со резултат 2:0 во финалето на Лигата на шампионите.

-Прикажавме одлична игра, заслуживме повеќе од пораз од 2:0. Игравме против најсилниот тим во ова натпреварување, одигравме одлично. На целиот свет му покажавме дека дојдовме да победиме, не само да играме натпревар. Ние направивме многу добри работи. Бевме блиску, изјави Терзиќ за германските медиуми. дс

Фото: Архива

Остани поврзан