• недела, 22 декември 2024

Теренски активности во Берово како дел од проектот за подобрување на домувањето на ромската заедница

Теренски активности во Берово како дел од проектот за подобрување на домувањето на ромската заедница
Берово, 10 август 2022 (МИА) - Во Берово отпочна активност за реконструкција на 15 ромски куќи, како дел од заедничкиот проект „Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”. Во рамки на денешната активност покрај теренската активност беа сумирани досегашните активности кои што се имплементираат во рамки на проектот.
-На одржаната средба од страна на раководителот на Одделението за локален економски развој, локалниот координатор и проектниот менаџер, претставници од Здружението за одджлив развој-Зелен Институт од Скопје, како и советникот за инклузија на Ромите, Елвис Мемети беше извршена теренска посета на ромската заедница, каде беше означен почетокот на реконструкцијата на живеалишта на 15 ромски семејства. Околу 100 лица ќе бидат опфатени со оваа интервенција, која што треба да заврши некаде во период од три месеци, информираа од Општината.
Досега како дел од проектот се направени неколку интервенции за вклучување на 19 ромски семејства во социјалното домување, додавајки дека Општина Берово е првата општина која што поставува една добра основа за прашањето на легализирани живеалишта кај ромската заедница, служејки како модел и за останатите општини во државата.
Во рамките на проектот како што додаде Елвис Мемети, советник на премиерот на РСМ за инклузија на Ромите, вкупно 600 илјади денари ќе бидат искористени за доградување на канализациониот систем на 35 ромски семејства со соодветни приклучоци, напоменувајки дека претходно е направено поплочување на 250 метри крак од улицата „23 Август" во ромското маало во Берово, со можност за понатамошно продолжување.
Проектот „Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници” е со временска рамка до 1 јануари 2024 година, со вкупен грант во вредност од 895.400 евра, од кои околу 800 илјади евра се европски пари. Општините Штип и Берово во проектот кој се реализира во согласност со акциската програма за инклузија – ИПА 2 од 2019 година ќе учествуваат со сопствени средства во износ од околу 95 илјади евра. вс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан