• сабота, 11 мај 2024

Теодосиќ МВП на колото во Евролигата

Теодосиќ МВП на колото во Евролигата

Минхен, 23 декември 2023 (МИА) – Кошаркарот на белградска Црвена ѕвезда, Милош Теодосиќ, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) во 18 коло во Евролигата.

Црвена ѕвезда како гостин во белградската арена „Александар Николиќ“ го совлада Макаби со 98-92, а Теодосиќ го одигра еден од своите најдобри натпревари во долгогодишната кариера.

Теодосиќ собра вкупно 40 индексни поени, што е клупски рекорд и втор најдобар индекс оваа сезона во Евролигата.

На дуелот против израелскиот тим постигна 27 поени, додавајќи 14 асистенции, два скока и две украдени топки.

За Теодосиќ ова е шеста награда МВП на колото во Евролигата, а прва од ноември 2016 година. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан