• петок, 22 ноември 2024

Теодосиќ избегна сериозна повреда, ќе пропушти 20 дена

Теодосиќ избегна сериозна повреда, ќе пропушти 20 дена

Болоња, 10 јануари 2022 (МИА) – Плејмејкерот на Виртус, Милош Теодосиќ вчера се здоби со повреда на левото колено. Српскиот кошаркар не го доигра натпреварот од Серија А против Реџо Емилија, по што го напушти теренот со помош на соиграчите.  

Првичните сомневања беа дека тој е тешко повреден. Прегледот не откри сериозни оштетувања на коленото. Се очекува Србинот да се врати на теренот за 20 дена. 

На 12 натпревари во италијанското првенство, Теодосиќ има просек од 10,8 поени, 2,0 скока и 7,2 асистенции по натпревар. зс/

Остани поврзан