• вторник, 24 декември 2024

Тен Хег сака да го задржи Еванс во Манчестер јунајтед

Тен Хег сака да го задржи Еванс во Манчестер јунајтед

Манчестер, 18, август 2023 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег, откри дека сака да го задржи дефанзивецот Џони Еванс во тимот. Во текот на летото, 35-годишниот фудбалер потпиша краткорочен претсезонски договор.

 

- Би сакал Еванс да остане. Се разговара за нов договор. Преговараме и кога ќе имаме вести, ќе ги објавиме како и обично, го цитира Тен Хаг новинарот Фабрицио Романо.

 

Еванс потекнува од младинските екипи на Манчестер јунајтед. На 198 натпревари постигна седум гола и седум асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан