• среда, 25 септември 2024

Тен Хаг за натпреварот против Твенте: Повеќе би сакал да играм против друг клуб

Тен Хаг за натпреварот против Твенте: Повеќе би сакал да играм против друг клуб

Манчестер, 25 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги сподели своите очекувања од натпреварот со Твенте во 1. коло од Лига Европа.

- Твенте ми донесе многу. Дојдов преку нивната академија, бев дел од генерацијата на првиот младински тим кога многу години подоцна повторно започнаа младинските натпревари, така што има многу историја таму за мене. Повеќе би сакал да играм против некој друг клуб. Не е убаво да повредиш некого што го сакаш, изјави Тен Хаг за „ЕСПН“.

Натпреварот ќе се одржи вечер од 21 часот на „Олд Трафорд“ во Манчестер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан