Тен Хаг е сериозен кандидат за позицијата на Шахин, ова може да ја врати Борусија во борбата за потписот на Рашфорд
- Утрешниот натпревар меѓу Борусија Дортмунд и Болоња во Лигата на шампионите ќе биде решавачки за иднината на Нури Шахин како тренер на „жолто-црните“.

Дортмунд, 20 јануари 2025 (МИА) - Утрешниот натпревар меѓу Борусија Дортмунд и Болоња во Лигата на шампионите ќе биде решавачки за иднината на Нури Шахин како тренер на „жолто-црните“.
Според Флоријан Плетенберг од „Скај Германија“, доколку Борусија не успее и на овој натпревар, а поранешниот турски репрезентативец добие отказ, Ерик тен Хаг е сериозен кандидат веднаш да ја преземе функцијата. Тоа е затоа што Холанѓанецот кој неодамна беше забележан во Дортмунд е веднаш на располагање.
Каталонскиот весник „Спорт“ додава дека Тен Хаг би можел да биде назначен уште во среда и сугерира дека доколку тоа се случи, Борусија ќе се врати во битката за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.
Милан веќе се откажа од напаѓачот, кој не е дел од плановите на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, а сега двете најсериозни опции за него се Барселона и Борусија.
„Спорт“ додава дека доколку Рашфорд сака трансфер на „Камп Ноу“ ќе мора да почека до самиот крај на зимскиот преоден рок, а пред тоа Барселона ќе мора да се ослободи од Ансу Фати. дс
Фото: Принтскрин