• вторник, 23 април 2024

Тен Хаг го потврди враќањето на Лисандро Мартинез

Тен Хаг го потврди враќањето на Лисандро Мартинез

Манчестер, 29 март 2024 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди дека Лисандро Мартинез најверојатно ќе се врати во тимот за утрешното гостување кај Брентфорд.

Аргентинецот тренира со полна брзина најмалку десетина дена и ќе може да се врати од повредата на коленото, а добра вест за „црвените ѓаволи“ е што на располагање ќе бидат и други играчи кои имаа проблеми.

-Да, има шанси да се врати во тимот. Ни недостигаше на секој меч што го пропушти бидејќи внесува смиреност во тимот. Во исто време, тој има менталитет на победник и тоа го покажува многу јасно, но може да го пренесе и на другите, што многу придонесува за нивото на нашиот настап. Има и други фудбалери кои се вратија на теренот и веќе тренираат. Очекувам дека и Лук Шо ќе биде подготвен пред крајот на сезоната, такви се прогнозите, ја објасни ситуацијата тренерот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан