Тен Хаг го одби Ајакс
- Ерик Тен Хаг одбил понуда од неговиот поранешен клуб Ајакс бидејќи има други планови, објавија холандските медиуми.
Амстердам, 22 мај 2025 (МИА) - Ерик Тен Хаг одбил понуда од неговиот поранешен клуб Ајакс бидејќи има други планови, објавија холандските медиуми.
Ајакс е принуден да најде нов менаџер откако Франческо Фариоли одлучи да го напушти клубот од Амстердам минатиот понеделник, наведувајќи ги несогласувањата со извршниот одбор како причина за заминувањето по само една сезона.
Холандскиот клуб почна да бара негова замена и го стесни изборот на двајца кандидати - менаџерот на „Гоу Ахед Иглс“, Пол Симонис, и нивниот поранешен тренер Ерик тен Хаг.
Техничкиот директор на Ајакс, Алекс Крос, во понеделник откри дека контактирал со Тен Хаг, но не сакал да открие што точно му кажал.
Сепак, холандските медиуми денеска објавија дека ништо нема да има од неговото доаѓање, бидејќи тој му кажал на Ајакс дека има различни планови за својата кариера.
По Ајакс, Тен Хаг беше менаџер на Манчестер Јунајтед до ноември минатата година, по што беше без работа. Неодамна беше поврзуван со Баер Леверкузен. дс
Фото: Архива