• вторник, 26 ноември 2024

Тениското јуниорско првенство одложено поради топлото време

Тениското јуниорско првенство одложено поради топлото време
Скопје, 1 јули 2021 (МИА) – Отвореното првенство на Македонија (ОПМ) за јуниори и јуниорки, што требаше да се одржи претстојниот викенд, е одложено на неодредено време поради неповолните временски услови, соопшти денеска Тениската федерација. -Поради зголемените дневни температури, високиот индекс на УВ зрачење и препораката на здравствените власти да се избегнува изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, ОПМ на барање на јуниорскиот селектор Предраг Русевски е одложено за друг термин, информираше Македонската тениска федерација. Државното првенство за тенисери и тенисерки до 14 години првично беше планирано да се одржи в сабота, на терените на Тенискиот клуб „Црна Река“ во Кавадарци.ег/свс/

Остани поврзан