• среда, 17 јули 2024

Тел Авив: Палестинец уби жена и повреди повеќе од 17 лица

Тел Авив: Палестинец уби жена и повреди повеќе од 17 лица

Тел Авив, 156 јануари 2024 (МИА) - Една 70-годишна жена е убиена, а најмалку 17 лица, меѓу кои и неколку деца, се повредени во Ранана, во централниот дел на Израел, недалеку од Тел Авив, кога осомничен палестински напаѓач нападнал неколку лица со нож и со своето возило влетал во минувачи на три одделни локации, соопштија израелските служби за итни случаи.

Петмина од повредените се во тешка состојба, јавија израелските медиуми.

Полицијата ги истражува околностите на нападот, но портпаролот Ели Леви веднаш изјави дека нападот „изгледа како терористички“.

Како што се испоставило малку подоцна, напаѓачот избодел возач и му го украл возилото, а потоа намерно удрил во три лица.

Потоа излегол од тоа возило, украл друго и продолжил да вози и удрил во друга група луѓе.

Засега не е јасно дали прободувањето и обидите за прегазување на луѓето се поврзани. ссм/

фото: архива

Остани поврзан