Телефонски разговор Фидан-Блинкен за проширувањето на НАТО и црноморскиот коридор за жито
- Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговараа за проширувањето на НАТО и за Договорот за жито преку Црно Море, јави агенцијата Анадолија.

Истанбул, 5 јули 2023 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговараа за проширувањето на НАТО и за Договорот за жито преку Црно Море, јави агенцијата Анадолија.
Информацијата ја потврдиле турски дипломатски извори кои сакаа да останат анонимни.
Двајцата највисоки дипломати се осврнаа и на соработката во борбата против заканата од синтетички дроги и претстојниот меѓународен состанок за ова прашање, на кој САД ќе бидат домаќин на 7 јули, истакнаа изворите.
Фото: Анадолија