• недела, 22 декември 2024

Телефонски разговор Путин - Макрон

Телефонски разговор Путин - Макрон
Москва, 2 јули 2021 (МИА) - Рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин и Емануел Макрон денеска разговараа за повеќе прашања и за соработка за меѓународните прашања, соопшти Кремљ. Во телефонскиот разговор Путин и Макрон се фокусирале на стабилноста и безбедноста во Европа. Тие се заложија и за зајакнување на преговарачкиот процес за имплементација на Договорот од Минск. Додека во соопштението од Елисејската палата се наведува дека Макрон и Путин разговарале и за Либија. Макрон истакна дека сака подобрување на односите помеѓу Европска Унија и Русија. Телефонскиот разговор бил на иницијатива на Париз. ми/

Остани поврзан