• вторник, 30 април 2024

Телефонски разговор меѓу МНР на Холандија и Иран: Техеран да преземе мерки за „деескалација“, а не да го напаѓа Израел

Телефонски разговор меѓу МНР на Холандија и Иран: Техеран да преземе мерки за „деескалација“, а не да го напаѓа Израел

Хаг, 13 април 2024 (МИА) – Холандската министерка за надворешни работи Ханке Бруинс Слот во денешниот телефонски разговор со нејзиниот ирански колега Хосеин Амир Абдолахиан изјави дека Иран не треба да го нападне Израел туку да преземе мерки за „деескалација“.

- За време на разговорот, ја изразив и мојата голема загриженост за киднапирањето на брод во Ормутскиот теснец и му реков на иранскиот министер за надворешни работи дека ваквите активности мора да престанат, објави Слот на Х.

Припадниците на специјалните сили на Револуционерната гарда на Иран запленија товарен брод поврзан со Израел во Ормутскиот теснец, потврди претходно денеска израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, оценувајќи дека официјален Техеран организира „пиратски напади и поради тоа треба да биде санкциониран“.

Киднапирањето на бродот, поврзан со Израел, дојде неколку дена откако официјален Техеран објави дека можеби ќе ја затвори клучната рута за комерцијални бродови, предупредувајќи дека Иран има намера да возврати на смртоносниот израелски напад врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск. јт/

 

Остани поврзан