• четврток, 26 март 2026

Телефонски разговор Зеленски - Рама: Разговаравме за соработка со европските партнери, го поканив да учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа

Телефонски разговор Зеленски - Рама: Разговаравме за соработка со европските партнери, го поканив да учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа

Тирана, 26 мај 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски остварил телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама, за што украинскиот претседател објави на социјалната мрежа X.

Тој наведува дека го поканил албанскиот премиер на самитот Украина-Југоисточна Европа и дека го информирал за неодамнешните напади на Русија врз Украина.

„Имав добар разговор со премиерот на Албанија, Еди Рама. Го информирав за неодамнешните руски напади со ракети и беспилотни летала. Овие напади уште еднаш покажуваат дека Русија нема намера да и стави крај на војната. Ова  е причина зошто ние имаме потреба за силен притисок за да го запреме еднаш засекогаш“, напишал Зеленски, објави Ора њуз.

Сметаме, дека во „блиска иднина ќе бидат преземени сите потребни чекори во оваа насока“.
„Разговаравме и за нашата соработка со европските партнери и за нашето единство. Го поканив премиерот да учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа, кој го потврди присуството. Ти благодарам, Албанија, за поддршката на Украина и нашиот народ“, посочува Зеленски во објавата на Х. вт/

 

Остани поврзан