• сабота, 21 декември 2024

Телефонски разговор Ердоган - Трамп

Телефонски разговор Ердоган - Трамп
Истанбул, 15 февруари 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, јави агенцијата Анадолија. Ова преку соопштение го потврди Одделот за комуникации на турското Претседателство, во кое се вели дека двајцата претседатели разговарале за билатералните прашања, како и за настаните во регионот. Ердоган и Трамп нагласиле дека нападите на сириските власти се неприфатливи, а размениле мислења за тоа веднаш да се стави крај на кризата во Идлиб. Според соопштението, двајцата лидери укажале на важноста од повторно воспоставување на мирот и стабилноста во Либија. Претседателите на Турција и САД постигнале усогласување за повторно започнување на преговорите реализирани со цел зголемување на обемот на билатералната трговија на 100 милијарди долари. јт/

Остани поврзан