• недела, 22 декември 2024

Телефонски разговор Блинкен – Јанша

Телефонски разговор Блинкен – Јанша
Вашингтон, 21 април 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со премиерот на Словенија Јанез Јанша, при што тој се заблагoдарил на Словенија за јасно укажаната поддршка за суверенитетот и триторијалниот интегритет на Украина. Државниот секретар ја истакнал потребата од силна одбранбена асистенција во одговор на бруталната војна на Русија, изјави портпаролот Нед Прајс. -Тој ги осуди страшните злосторства извршени од руските сили во својата непровоцирана и неоправдана војна против Украина, и ја истакна потребата да се бара одговорност од Москва. Блинкен и премиерот Јанша дискутирале и за словенечката кандидатура за членство во Советот за безбедност на ОН во 2024-2025 година. -Секретарот го повтори убедувањето на САД дека Словенија е мошне добро квалификуван кандидат кој, ако биде избран, ќе биде кредибилен глас за учество во одржување на меѓународниот мир и безбедноста, истакна Прајс. кб/ссм/  

Остани поврзан