• среда, 15 мај 2024

Телеком Нец 2и Младост 96 изборија финале во пингпонгарската Супер лигата

Телеком Нец 2и Младост 96 изборија финале во пингпонгарската Супер лигата

Штип, 22 мај 2023 (МИА) - По само еден одигран натпревар познати се финалистите на плејофот кои ќе се борат за шампионска титула во машката суперлигашка пингпонгарска конкуренција.

 

Во Штип екипата на Телеком Нец 2 во неизвесен и крајно возбудлив натпревар со резултат 4:3 ја победи екипата на Шампиони ФА,и со вкупен резултат од 2:0 се пласира во финалето на лигата.

 

Во исто време во Берово се одигра натпреварот помеѓу Зегин Берово и Младост96 од Прилеп, каде гостите со резултат 4:1 изборија пласман во финалето.

 

Термините за финалните натпревари се закажани на 3 јуни во Прилеп, вториот натпревар на 4 јуни во Скопје и евентуален трет натпревар на 10 јуни повторно во Прилеп.

 

Викендов се играа и бараж-натпреварите за пласман во Супер лигата. ППК Младост и ППК Работнички остануваат во Супер лига за следната сезона. Резултати:
Младост - Телеком Нец 4:0
Работнички – Астраион 4:2. зс/

Остани поврзан