Телата на двајца заложници предадени на Израел, еден идентификуван
- Еден од убиените е израелски државјанин, ликвидиран на денот на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, соопшти премиерот Бенјамин Нетанјаху. За вториот заложник сè уште нема информации, а неговиот идентитет се проверува преку ДНК анализа.
Тел Авив, 29 август 2025 (МИА) - Израелската армија ги врати телата на двајца заложници киднапирани во Појасот Газа, јави ДПА.
Еден од убиените е израелски државјанин, ликвидиран на денот на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, соопшти премиерот Бенјамин Нетанјаху.
За вториот заложник сè уште нема информации, а неговиот идентитет се проверува преку ДНК анализа.
Израел претходно денеска прогласи дека градот Газа е „опасна зона на борбени дејствија“ и најави дека се наоѓа во почетна фаза на планираната офанзива. Војската информира дека борбите се привремено запрени и дека дозволен е пристап за дистрибуција на храна и помош од 10 до 20 часот.
Враќањето на заложниците, живи или мртви, е меѓу главните барања на израелската влада и на демонстрантите кои протестираат поради војната во Газа, наведува агенцијата. ссм/
фото: архива