Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
- Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тексас, САД, објави веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
![Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени](https://mia.mk/images/20250215082549_big_730x400_27.webp )
Вашингтон, 15 февруари 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тексас, САД, објави веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри, на 68 километри северно од Пекос, Тексас.
Потресите ги почувствувале и жителите во Мексико. паг/
Фото: МИА архива