• сабота, 18 мај 2024

Тебас за Суперлигата: Дали треба да креираме турнири за играчите да имаат 10 ферари наместо седум, индустријата има корист од само 150 врвни играчи

Тебас за Суперлигата: Дали треба да креираме турнири за играчите да имаат 10 ферари наместо седум, индустријата има корист од само 150 врвни играчи
Мадрид, 18 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на шпанската фудбалска Ла Лига, Хавиер Тебас уште еднаш ја критикуваше идејата за Суперлигата. Атлетико Мадрид, Барселона и Реал беа заинтересираните шпански екипи кои требаше да играат во новото натпреварување. - Сакаат меѓу нив супер турнири, и ова е спротивно на принципите на националните првенства. Ова е спротивно на секое етичко размислување. Дали треба да креираме турнири за да им плаќаме на играчите уште повеќе за да имаат 10 ферари наместо седум? Ние правиме нешто погрешно, индустријата има корист од само 150 врвни играчи, изјави Тебас. Проектот Суперлига не успеа по големите негативни реакции во јавноста, но се уште постои проект за доминација и контрола на големите клубови во фудбалот. зс/

Остани поврзан