• понеделник, 23 декември 2024

Твитер воведува шифрирани пораки, аудио и видеоповици

Твитер воведува шифрирани пораки, аудио и видеоповици

Лос Анџелес, 11 мај 2023 (МИА) - Сопственикот на Твитер Илон Маск најави дека платформата ќе воведе видео и аудиоповици, како и шифрирани пораки. На овој начин Твитер ги следи Фејсбук и Инстаграм коишто веќе имаат слични опции за видео и аудиоповик.

Така, корисниците на Твитер наскоро ќе можат да се чујат и видат со луѓе ширум светот и преку оваа социјална мрежа без да мора да го дадат својот телефонски број, напиша Маск на својот Твитер-профил.

Тој додава дека ќе може да се испраќаат и шифрирани пораки, но не појасни дали и повиците ќе бидат шифрирани.

Милијардерот лани ги објави своите планови за подобрување на оваа социјална мрежа, нарекувајќи ја „Твитер 2.0 - апликација за секого“. Најавите и тогаш говореа за шифрирани пораки, подолги објави и опции за плаќање преку оваа платформа.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан