• сабота, 06 декември 2025

ТА потпиша за Баерн Минхен

ТА потпиша за Баерн Минхен

Минхен, 29 мај 2025 (МИА) – Одбранбениот фудбалер Џонатан Та потпиша договор со Баерн Минхен, објави официјалниот сајт на баварскиот клуб.

Договорот со 29-годишниот Германец е до летото 2029. Дефанзивецот во тимот од Минхен дојде како слободен играч.

-Многу сум среќен што сум во Баерн. Сакам да преземам одговорност овде и да работам напорно секој ден за да бидеме успешни како тим и заедно да освоиме многу трофеи, изјави Та по трансферот.

Та играше за Баер Леверкузен од 2015 година. За клубот има одиграно 402 натпревари, постигнувајќи 18 гола и 13 асистенции. зс/

Фото: Баерн Минхен

Остани поврзан