• петок, 22 ноември 2024

Тајфунот Јаги уби 419 луѓе во Бурма

Тајфунот Јаги уби 419 луѓе во Бурма

Јангон, 24 септември 2024 (МИА) - Бројот на загинати од поплавите и одроните предизвикани од тајфунот Јаги во Бурма се искачи на 419, објави денеска владејачката хунта.

Во новиот извештај објавен денеска не се споменува бројот на исчезнати.

Според Обединетите нации, околу 887.000 луѓе биле погодени од тајфунот Јаги во Бурма.

Во 2008 година, циклонот Наргис предизвика смрт или исчезнување на повеќе од 138.000 луѓе таму. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан