• петок, 22 ноември 2024

Тајсон обвинет за уште едно силување во 90-те од минатиот век

Тајсон обвинет за уште едно силување во 90-те од минатиот век

Њујорк, 25 јануари 2023 (МИА) – Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија Мајк Тајсон се соочи со уште едно обвинение дека силувал жена на почетокот на 90-те години од минатиот век, јавија денеска американските медиуми.

Истите извори наведоа дека тужбата овој месец во Њујорк ја поднела жена која не сака во јавноста да биде откриен нејзиниот идентитет, а бара отштетата од пет милиони долари за претрпена „физичка, психичка и емоционална болка“.

Жената тврди дека Тајсон ја силувал во лимузина, откако го сретнала во ноќен клуб во Њујорк. Без да го наведе точниот датум, жената тврди дека тоа се случило на почетокот на 90-те години од минатиот век, приближно во ист период кога и Дезајр Вашингтон тврдеше дека Тајсон ја силувал во Индијанаполис.

Тајсон во февруари 1992 година беше осуден за тој случај и отслужи казна затвор од три години за силување. ег/ссм/

Остани поврзан