• четврток, 22 февруари 2024

Тајм: Меси го направи невозможното

Тајм: Меси го направи невозможното

Њујорк, 6 декември 2023 (МИА) – Лионел Меси успеа да го направи тоа што во минатото се чинеше невозможно: да ги трансформира Соединетите Американски Држави во фудбалска земја, истакна американското списание „Тајм“ во образложението на својот избор на аргентинскиот фудбалер за најдобар спортист во 2023 година.

Признанието на угледниот „Тајм“ доаѓа откако 38-годишниот Меси ја осои светската титула со Аргентина и по рекорден осми пат беше награден со „Златна топка“.

Меси во летниот преоден рок дојде од ПСЖ во Интер Мајами, а трансферот остави белег не само на фудбалскиот терен, туку и надвор од него.

Цените на влезниците за натпреварите на Интер Мајами нагло пораснаа, додека Епл ТВ, кој има десетгодишно партнерство со американската МЛС лига, забележа значителен раст на преплатата. ег/ссм/

ФОТО: Икс 

Остани поврзан