Тајван соопшти дека кинески воени авиони и бродови ја извршиле првата патрола околу островот во 2025 година
- Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека кинески воени авиони и бродови ја извршиле првата „борбена патрола“ околу островот во Новата година, откако тајванскиот претседател Лаи Чинг-те ја повтори својата подготвеност да преговара со Пекинг.
Тајпеј, 2 јануари 2025 (МИА) - Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека кинески воени авиони и бродови ја извршиле првата „борбена патрола“ околу островот во Новата година, откако тајванскиот претседател Лаи Чинг-те ја повтори својата подготвеност да преговара со Пекинг.
Кина, која го смета демократски управуваниот Тајван за своја територија, речиси секојдневно испраќа своја војска во воздушниот простор и водите во близина на островот и неколку пати месечно спроведува како што Тајван ги нарекува „заеднички патроли за борбена готовност“.
Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека открило 22 кинески воени авиони, вклучително и борбени авиони Ј-16, како денеска изутрината започнале „заедничка патрола за борбена готовност“ околу Тајван во соработка со кинески воени бродови.
Се наведува дека кинески авион летал во воздушниот простор на север, запад, југозапад и исток од Тајван, а тајванските сили биле испратени да чуваат стража.
На новогодишната прес-конференција Лаи ја повтори желбата за преговори со Кина. Тој постојано повикуваше на преговори, но беше одбиен. Пекинг, кој минатата година одржа две рунди воени вежби околу Тајван, го нарекува „сепаратист“. рп/
Фото: ЕПА