Тајван ја доби првата пратка на современи американски тенкови „Абрамс“
- Во Тајван пристигна првата пратка од 38 современи борбени тенкови „Абрамс“ од САД, соопшти денеска Министерството за одбрана на Тајван.
Тајпеј, 16 декември 2024 (МИА) Во Тајван пристигна првата пратка од 38 современи борбени тенкови „Абрамс“ од САД, соопшти денеска Министерството за одбрана на Тајван.
Вашингтон е еден од најважните сојузници на Тајпеј и негов најголем снабдувач со оружје, што предизвикува негодување од страна на Пекинг. Кина го смета Тајван за дел од својата територија.
Нарачката од страна на Тајван на вкупно 108 тенкови беше направена во 2019 година. Првата пратка од 38 М1А2 пристигна на Тајван вчера и беше транспортирана до воената тренинг база во Синџу, јужно од Тајпеј, соопшти Министерството за одбрана. Според полуофицијалната Централна новинска агенција, М1А2 се првите нови тенкови што пристигнале на Тајван во последните 30 години.
Во моментот, тенковските сили на Тајван се состојат од околу 1000 тенкови: домашно произведените CM 11 „Brave Tiger“ и американските M60A3, кои сè повеќе стануваат застарени.
Тенковите „Абрамс“, кои се едни од најтешките во светот, се основата на вооружените сили на САД.
Иако Тајван има сопствена одбранбена индустрија и ја модернизира својата опрема, неговата безбедноснт во голема мера зависи од набавки на американско оружје. кб/