• среда, 26 февруари 2025

Тајван распореди воени сили околу островот како одговор на кинеските маневри

Тајван распореди воени сили околу островот како одговор на кинеските маневри

Тајпеј, 26 февруари 2025 (МИА) – Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека денеска било наредено распоредување на сили околу островот, како одговор на кинеските воени маневри.

Пекинг мобилизираше 32 авиона околу Тајван и најави вежби со боева муниција во област на околу 74 километри од островот.

Тајван наредил воздушните, копнените и поморските сили да „набљудуваат, предупредуваат и реагираат на соодветен начин“, се наведува во соопштението на Министерството.

Се додава дека кинеските вежби го зголемиле ризикот за безбедноста на меѓународните летови и бродови, а претставуваат и очигледна провокација во однос на регионалната безбедност и стабилност.

Кина последните години сè почесто распоредува авиони и воени бродови околу Тајван, за кој тврди дека е дел од кинеската територија. Пекинг не го исклучува користењето на сила за преземање на контрола врз островот. јт/

Фото: Министерство за одбрана на Тајван

Остани поврзан