• четврток, 26 декември 2024

Тајван побара од Кина да ги прекине воените активности во спорните води

Тајван побара од Кина да ги прекине воените активности во спорните води

Тајпеј, 11 декември 2024 (МИА) - Тајван денеска побара од Кина да ги прекине своите воени активности во нејзините води, велејќи дека тие еднострано го дестабилизираат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и го нарушуваат меѓународниот транспорт и трговија.

Министерството за надворешни работи на Тајван во соопштение рече дека тоа е одговор на активностите на голем број кинески бродови во архипелагот на Пацификот во близина на азиското копно, кое ги опфаќа Јапонија, Тајван и дел од Филипините.

-Министерството за надворешни работи бара властите во Пекинг веднаш да престанат со воените заплашувања и сите ирационални активности кои го загрозуваат регионалниот мир и стабилност, се вели во соопштението.

Војската на Тајван од понеделникот ги надгледува кинеските бродови во близина на Тајван. Тие изјавија дека целта на целата акција е да се покаже дека овие води припаѓаат на Кина. Тајванските медиуми тврдат дека се распоредени вкупно 90 бродови.

Тајванската војска ги очекуваше вежбите по посетата на нејзиниот претседател Лаи Чинг-те на Хаваите и американската територија Гуам. Кина тврди дека Тајван е нејзина територија и се спротивставува на секој нејзин официјален контакт со Америка и други странски влади.

Кина го ограничи воздушниот простор во близина на нејзиниот југоисточен брег од понеделникот до денеска, што покажува дека планира да одржи вежби во текот на тие три дена, иако тоа не е официјално потврдено. Кинескиот портпарол не коментираше какви било вежби кои се во тек, но во денешното соопштение рече дека владата нема да дозволи провокациите на Тајван во дослух со странски сили да останат без одговор. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан