Тајван и САД ги одржаа првите разговори за царините
- Двете страни разменија мислења за меѓусебните царини меѓу Тајван и САД, нетарифните бариери во трговијата и низа други економски и трговски прашања, вклучително и контролата на извозот, се наведува во соопштението на тајванската канцеларија за трговски преговори.

Вашингтон/Тајпеј, 12 април 2025 (МИА) - Тајванските власти вчера ги одржаа првите разговори за царините со американски официјални лица, објави денеска тајванската влада.
Двете страни разменија мислења за меѓусебните царини меѓу Тајван и САД, нетарифните бариери во трговијата и низа други економски и трговски прашања, вклучително и контролата на извозот, се наведува во соопштението на тајванската канцеларија за трговски преговори.
Преговорите се водеа преку видео конференциска врска. сд/
фото:ЕПА