• недела, 22 декември 2024

Тајани: Наредбата на руските власти за апсење на новинари на РАИ е акт на политички прогон

Тајани: Наредбата на руските власти за апсење на новинари на РАИ е акт на политички прогон

 

Рим, 8 октомври 2024 (МИА) - Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, ја осуди одлуката на Москва да издаде налог за апсење на двајца новинари на италијанската државна телевизија РАИ поради нивното покривање на ненадејната инвазија на Украина во руската област Курск во август, објавија италијанските медиуми. 

Вчера рускиот суд нареди апсење во отсуство на репортерката Стефанија Батистини и снимателот Симоне Треини поради „нелегално преминување“ на границата од Украина во Русија.

Рускиот суд побара и тие да бидат екстрадирани од Италија во Русија.

-Рускиот налог за апсење на двајца новинари на РАИ е уште една форма на политички прогон на слободата на медиумите. Италијанската влада секогаш ќе застане во одбрана на правото на независно новинарство, рече Тајани на социјалната мрежа „Х“.

Русија ги стави Италијанците и уште неколку западни дописници на листата на барани поради нивното известување од Курск.

Украинските сили контролираат големи области од регионот откако влегоа во него на 6 август. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан