• петок, 22 ноември 2024

Татко убил син во скопски Аеродром

Татко убил син во скопски Аеродром
Скопје, 11 август 2021 (МИА) - Осумдесет и седумгодишен скопјанец вчера со огнено оружје го убил својот 59-годишен син во скопската населба Аеродром, соопшти поладнево Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 19:32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улица „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д. (87) и В.Д. (59), татко и син, двајцата од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури. Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, се наведува во соопштението на Министерството. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. фф/сп/

Остани поврзан