Таткото на Илон Маск проговори за син му како семеен човек
- - Тој не беше добар татко. Првото дете минуваше премногу време со дадилки и почина под нивен надзор. Илон ќе ме убие за ова што го зборувам, но тоа е моето мислење. Тоа не е добро. Беа пребогати... Премногу дадилки, рече Ерол.

Преторија, 20 февруари 2025 (МИА) - Таткото на Илон Маск, Ерол гостуваше во емисијата „Вајд авејк“ (Wide Awake), само два дена откако инфлуенсерката Ешли Сент Клер соопшти дека милијардерот го добил 13-то дете. Гостинот зборуваше за татковството на својот син и за големата семејна трагедија во 2002 година, кога на Илон му починал синот Невад, на возраст од само девет недели.
- Тој не беше добар татко. Првото дете минуваше премногу време со дадилки и почина под нивен надзор. Илон ќе ме убие за ова што го зборувам, но тоа е моето мислење. Тоа не е добро. Беа пребогати... Премногу дадилки, рече Ерол.
Тој тврди дека дадилки имале и другите деца на Маск од првиот брак со Џастин Вилсон: Грифин, Вивиен, Кај, Саксон и Демијан - секое свое дадилка.
- Кога се разделија (со сопругата, з.п.), имаа шест дадилки од оваа страна и шест од онаа страна. Многу чудна состојба, истакна повозрасниот Маск кој е роден и живее во Јужна Африка.
Прашан дали тоа значи дека Илон не минувал доволно време со децата, Ерол одговори потврдно.
Интервјуто предизвика многу критики на интернет. Од друга страна, многумина потсетуваат на контроверзното минато на Ерол Маск кој се ожени со ќерката на поранешната партнерка. си/ссм/
Фото: Фејсбук-објава