• петок, 22 ноември 2024

Таравари се сретна со германската амбасадорка Дрекслер, во фокус уставните измени

Таравари се сретна со германската амбасадорка Дрекслер, во фокус уставните измени

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја Петра Дрекслер. 

Таравари и Дрекслер на средбата, како што информира Алијанса за Албанците, разговараа за политичките процеси во нашата земја, со фокус на уставните измени со цел отворање на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

- На средбата во Германската амбасада беше истакната заложбата на Алијанса за Албанците за Северна Македонија и Албанија заедно да го продолжат својот пат кон Европа, се вели во соопштението. 

Таравари, како што се наведува, и се заблагодари на амбасадорката Дрекслер за континуираната поддршка што Германија и ја дава на Северна Македонија за зачленување во Европската Унија. мд/дма/

Фото: АА 

Остани поврзан