• четврток, 26 март 2026

Танкери со гориво во оманското пристаниште Салала погодени од дронови

Танкери со гориво во оманското пристаниште Салала погодени од дронови

Салала, 11 март 2026 (МИА) – Неколку танкери за складирање гориво во оманското пристаниште Салала беа погодени од беспилотни летала, јавија државните медиуми.

Британската компанија за поморска безбедност Ambrey соопшти дека нема штета на трговските бродови, пренесе Би-Би-Си.

Покрај нападите врз пристаништето, Оманската новинска агенција соопшти дека „повеќе беспилотни летала“ биле пресретнати и соборени. Таа ги опиши нападите како „злонамерни“, но додаде дека не се пријавени жртви.

Агенцијата информира и дека султанот од Оман разговарал по телефон со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за да ја потврди „позицијата на неутралност“ на Оман и изразил „недвосмислена осуда“ за таргетирањето на неговите територии. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан