• четврток, 04 декември 2025

„Танец“ со целовечерен концерт на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2025“

„Танец“ со целовечерен концерт на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2025“

Велес, 3 јули 2025 (МИА) – На сцената во преполниот амфитеар на Младинскиот парк во Велес, во рамките на програмата на 20. јубилеен Интернацинален фолклорен фестивал „Велес 2025“, синоќа целовечерен концерт на македонски  ора и песни одржа одржа Националниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“-Македонија. За својата изведба „Танец“  добија громогласен и силен аплауз и овации од неколку илјадната велешка публика.

Во рамките на програмата, вечерва во 20:30 часот на третата вечер во амфитеатарот на Младинскиот парк ќе настапат групата „Распеани пензионери“, двете фолклорни групим од Литванија, а свој настап ќе имаат и младите музичари - ученици на Отсекот за традиционални инструменти на ООМУ „Стефан Гајдов“ под раководство на професорот Трајче Малинов. Свој настап ќе имаат има и Групата за култура „Акаханга“ од Чиле како и фолклорниот ансамбл „Теа Мае“ од Германија.

Како што информира денеска за МИА, Томе Јаневски претседател на Организациониот одбор, учесниците утрово посетиле некои културни знаменитости на Велес, црквата „Свети Пантелејмон“ дело на Андреја Дамјанов, Народниот музеј, а ќе ја посетат и Спомен костурницата од НОВ. 

Инаку учесниците на фестивалот, фолклористи и ансамбли од осум држави од пет континенти вчера беа во посета на Општина Велес, каде разговараа со градоначалникот Марко Колев, кој им подари пригодни подароци од општината.

За доброто гостопримство  престој во овие пет дена, од 1 до 5 јули додека се одржува фестивалот се погрижи Општинскиот ученички дом дом „Лазар Лазаревски“, кој им обезбедува ноќевање и три оброци, а ќе биде организирана и завршна свечена вечер.

Фестивалот по 20. јубилеен пат како најпосетена културна манифестација на велешани во сите изминати години  го организираат велешките фолклорни друштва со финансиска поддршка на Општина Велес и Министерството за култура и туризам. ад/

Фото: МИА

Остани поврзан