• сабота, 18 мај 2024

Тампонирани две улици во селата Бањица и Мелница

Тампонирани две улици во селата Бањица и Мелница
Велес,15 август 2022 (МИА) - Општина Чашка со подршка од ЈПКД „Тополка“, ја тампонира новата обоколница во Мелница, како и главната улица во село Бањица, информира Горан Стојановски градоначалник на Општина Чашка. -Со уредување на локалните улици во многу придонесуваме за подобар живот на населението во сите населени места во Општина Чашка.Градиме по план,обезбедуваме инфраструктура за сите, потенцира Стојановски. Тој воедно најави дека во наредниот период, Општина Чашка ќе изврши уредување и тампонирање на уште една локална улица во село Лисиче.ад/свс

Остани поврзан