• недела, 19 мај 2024

Талибанците соопштија дека ја презеле провинцијата Паншир

Талибанците соопштија дека ја презеле провинцијата Паншир
Кабул, 6 септември 2021 (МИА) - Портпаролот на талибанците Забиула Муџахид изјави дека авганистанската провинција Паншир е целосно под контрола на талибанците. „Последното упориште на непријателските платеници, провинцијата Паншир, е целосно преземена ... Неодамнешните напори да се обезбеди целосна безбедност во земјата дадоа резултати и провинцијата Паншир се најде под целосна контрола на Исламскиот емират (политичкиот систем на талибанците)“, се наведува во изјавата на Муџахид објавена на Твитер. Тој додаде дека некои од бунтовниците биле поразени во битка, а други избегале. Талибанците им соопштија на луѓето во Паншир дека нема да се преземат никакви дејствија. паг/  

Остани поврзан