• понеделник, 23 декември 2024

Талибанците извршија двојна егзекуција на стадион во југоисточен Авганистан

Талибанците извршија двојна егзекуција на стадион во југоисточен Авганистан

Кабул, 22 февруари 2024 (МИА) - Талибанците денеска извршија двојна јавна егзекуција на стадионот во југоисточен Авганистан додека илјадници луѓе го гледаа убиството на двајца осудени мажи.

Врховниот суд на талибанците пресуди дека двајцата осуденици се одговорни за смртта на две жртви во одвоени напади со нож. Судот ги идентификуваше двајцата како Сајед Џамал ​​од централната провинција Вардак и Ѓул Кан од Газни. 

Во соопштението на судот се вели дека три судови досега, како и врховниот водач на талибанците Хајбатула Ахунџада, наредиле егзекуции како одмазда за нивните наводни злосторства.

Абу Абу Халид Сархади, портпарол на полицијата во Газни, рече дека роднините на жртвите ги егзекутирале двајцата мажи. Сепак, тој не прецизираше каков вид на огнено оружје е употребено.

Денешните убиства претставуваат трета и четврта јавна егзекуција откако талибанците ја презедоа власта во 2021 година, во услови на хаотично повлекување на силите на САД и НАТО од Авганистан.

Обединетите нации остро ги критикуваа талибанците дека продолжуваат со јавни егзекуции по преземањето на власта и ги повикаа да ги прекинат овие практики, кои редовно се спроведуваа за време на претходното талибанско владеење на крајот на 90-тите години на минатиот век. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан