• понеделник, 29 април 2024

Талески: Очигледно има проблем, треба добра анализа ако сакаме да одиме напред

Талески: Очигледно има проблем, треба добра анализа ако сакаме да одиме напред

Краков, 17 јануари 2023 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација претрпе три убедливи порази и не ја мина групната фаза на Светското првенство 2023.

Вечерва „црвено-жолтите“ загубија од Аргентина со 26:35.

Свое видување за настапите во Ф-групата искажа Филип Талески

– Ќе анализираме на крај. Очигледно има проблем, меѓутоа мора да се реши ако сакаме да одиме напред, да бидеме добра репрезентација. Во моментов е оваа слика што ја гледаме сите. И ние знаеме дека тоа е тоа. Сега ни преостануваат натпреварите за пласман, а потоа кога ќе се вратиме потребна е добра анализа да видиме во што е проблемот и да се поправиме.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров продолжуваат во т.н. Президент куп со натпревари за пласман од 25 – 32. место. зс/

Остани поврзан