• недела, 22 декември 2024

Талески: Инвестираме во унапредување на условите за работа во МВР, обебзедуваме ред, правда и дисциплина на секое ниво

Талески: Инвестираме во унапредување на условите за работа во МВР, обебзедуваме ред, правда и дисциплина на секое ниво

Скопје, 18 јануари 2021 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Ред, правда и дисциплина на секое ниво, се начелата од кои се води Владата предводена од СДСМ. Активно се работи на подобрување на условите за работа на припадниците на Министерството за внатрешни работи, што придонесува за зголемена ефикасност во превенцијата и откривањето на законски прекршоци. Министерството за внатрешни работи обезбеди средства во износ од  150 милиони денари за бонус плата за прекувремени часови за 2020 година. Постојано се работи на унапредување, реконструкција и модернизација на објектите на МВР. За три и пол години реновирани се над 46 полициски станици во државата, а за овие 4 месеци реконструирани се 5 објекти – ОВР Крива Паланка, ОУР Кавадарци, ОВР Гевгелија, објекти на воздухопловниот оддел на МВР база Петровец, а при крај е реконструкцијата на ОВР Кавадарци,  и полициска станица Бит пазар. Посветеноста на Министерството за внатрешни работи за зголемување на безбедноста во сообраќајот дава видливи резултати. Според статистичките податоци за 2020 година, имаме сериозен пад на бројот на сообраќајни незгоди, споредено со 2019 година. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 забележано е намалување за 21 отсто на сообраќајни несреќи. За 75 отсто е намален бројот на загинати пешаци. Сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за 47 отсто, а за 26 отсто е намален бројот на лица загинати во сообраќајни незгоди. Овие податоци се резултат на континуираните контроли и неселективното казнување што го прави полицијата на Северна Македонија. Почитувани, СДСМ продолжува со реализација на мерките и политиките зацртани во програмата. Обезбедуваме подобри услови за работа на полицијата, која е партнер и заштитник на граѓаните. Остануваме посветени на обезбедување ред, правда и дисциплина на секое ниво.

Миле Талески, пратеник на СДСМ

______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

 

Остани поврзан