• среда, 10 јули 2024

Талески ги пропушта натпреварите со Португалија

Талески ги пропушта натпреварите со Португалија

Скопје, 5 март 2023 (МИА) – Поради приватни причини, Филип Талески нема да му биде на располагање на селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за претстојните натпревари со Португалија.

Покрај Талески, во репрезентацијата ќе го нема ниту Павле Атанасијевиќ, додека поради од повиканите 22 играчи неизвесни се и Жарко Пешевски и Марио Танкоски.

Македонските репрезентативци попладнево го имаат првиот собир за подготовките за средбите со Португалија,

Последен во националниот тим ќе пристигне Никола Митревски, кој вечерва има настап за Порто.

Натпреварите со Португалија од квалификациите за Еуро 2024 ќе се играат на 9 март во Скопје и на 12 март во Порто. зс/

Остани поврзан