• петок, 22 ноември 2024

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ води хајка против изградбата на коридорите 8 и 10д

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ води хајка против изградбата на коридорите 8 и 10д

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Она што е факт во овој момент а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ води хајка против изградбата на коридорите 8 и 10д и против американската компанија Бехтел што е една од најреномираните компании за изградба на автопатишта во целиот свет. ВМРО-ДПМНЕ води хајка само поради една работа а тоа е да не се изградат автопатите. А зошто водат хајка против Бехтел во неколку наврати ги прашуваме и се уште очекуваме одговор, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на СДСМ Миле Талевски.

Што се однесува до процедурата за тоа договорот да биде ставен на разгледување пред пратениците, Талевски вели дека тоа прашање треба да се упати до претседателот на Собранието со оглед на тоа дека само тој е надлежен за тоа каде и во која Комисија ќе биде проследен овој договор.

-Она кое што го бараа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го имаат на увид договорот сега во Собрание врз основа на процедура по Деловник на Собранието ќе им биде ставен на разгледување. ВМРО-ДПМНЕ нема каде да бега и мора да даде одговор на граѓаните зошто го блокира најголемиот национален капитален проект за изградба на 110 километри автопатишта за рок од 5 години, рече Талевски.

Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се овој договор да не се реализира.

-Но ние како СДСМ и како парламентарно мнозинство нема да им дозволиме да не држат во заложништво. Договорот го склучивме врз основа на специјалниот Закон што е донесен во јули 2021 година и Собранието и Владата имаат обврска овој договор да го реализираат. Целта на законите којшто ги поднесовме во Собранието е договорот да се реализира што побрзо и да чини поевтино. Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи да ги блокира овие Закони во Собранието договорот ќе чини многу повеќе и ќе трае многу повеќе време, рече Талески. 

Договорено е работните групи на власта и на опозицијата за законот за јавно обвинителство да имаат средба до крајот на неделава, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот о

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој заедно со неколкумина други пратеници со безбедносни сертификати побараа увид во договорот со „Бехтел и Енка“, изјави дека тие имаат право на пристап до секој документ „државна тајна“.   

Зборувајќи за вчерашната најава на претседателот на Собранието Талат Џафери дека договорот ќе биде презентиран, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Џафери со ваквиот став не личи како прв помеѓу пратениците.

Тој потенцира дека криењето на договорот е најсилна индикација дека тоа што го прифатиле, како што рече, „Артан Груби и Димитар Ковачевски има силни индиции за корупција и криминал“. нд/бак/

Остани поврзан