• петок, 05 декември 2025

Тактичко показна вежба за симулација на евакуација, спасување на лица и гаснење пожар во М.Каменица

Тактичко показна вежба за симулација на евакуација, спасување на лица и гаснење пожар во М.Каменица

Делчево, 13 мај 2025 (МИА) - Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица денеска одржа тактичко-показна вежба која вклучуваше симулација на евакуација, спасување на лица и гаснење пожар. Тактичко-показната вежба се спроведе во гимназијата Миле Јаневски Џингар и имаше за цел да  демонстрира високата подготвеност и ефикасност на пожарникарски тимови.

- Оваа важна активност, реализирана во соработка со Итната медицинска помош и Полициското одделение во Македонска Каменица, уште еднаш ја потврдува нашата заедничка посветеност за заштита и безбедност на граѓаните на Македонска Каменица, соопшти градоначалникот Димчо Атанасовски по повод денешната активност.

Најави дека Општината ќе продолжи да вложува во подобрување на условите за работа на општинските служби и во нивната подготвеност за ефикасно дејствување во кризни ситуации. вс/

Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан