• четврток, 04 декември 2025

Тактичко-технички активности на АРМ во близина на Езерската полиција во Охрид

Тактичко-технички активности на АРМ во близина на Езерската полиција во Охрид

Охрид, 9 јуни 2025 (МИА) - Припадници на Армијата на Република Северна Македонија од денеска до 11 јуни, во периодот од 10 до 16 часот ќе реализираат тактичко-технички активности на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, соопшти СВР Охрид.

Припадниците на Баталјонот за специјални сили, како што е наведено, во водите на Охридското Езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

- Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување, што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција), информира СВР Охрид.

Апелираат до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан. сс/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан