• четврток, 25 април 2024

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш

Скопје, 2 април 2023 (МИА) – Во машката ракометна Супер лига екипата на Алкалоид синоќа му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион Вардар. Младиот состав предводен од тренерот Кирил Лазаров одигра одличен натпревар против големиот фаворит и на крајот заслужено се радуваше на победата 22:21.

 

По овој триумф, Алкалоид се изедначи со Еурофарм Пелистер по освоените бодови и му се доближи на „црвено-црните“ на само три бода. Битолчани својот натпревар од ова коло во плејофот ќе го играат денес.

Двојки за денес:
Охрид – Бутел (почеток 18:30 часот)
Тиквеш – Еурофарм Пелистер (19 часот)

Вчера: Алкалоид – Вардар 22:21
Пролет – Еурофарм Пелистер 2 25:26.

 

Табела: Вардар 21 бод, Еурофарм Пелистер 18, Алкалоид 18, Тиквеш 10, Бутел 7, Еурофарм Пелистер 2 7, Пролет 5, Охрид 3. зс/

 

Фото: Алкалоид

Остани поврзан