• петок, 06 септември 2024

Супертајфунот Јаги ја погоди јужна Кина

Супертајфунот Јаги ја погоди јужна Кина

Пекинг, 6 септември 2024 (МИА) – Училиштата во јужниот дел на Кина веќе втор ден се затворени, а летовите се откажани во Хаинан, Гуангдонг, Хонг Конг и Макао поради супертајфунот Јаги.

Со максимални ветрови од 245 километри на час, Јаги е вториот најсилен тропски циклон во светот од почетокот на 2024 година, по атлантскиот ураган Берил од петта категорија, што претходни ги погоди САД.

Јаги претходно го опустоши северниот дел на Филипини, а за денеска се предвидува да стигне до брегот на Кина и ќе се движи од Венчанг во Хаинан до Лејџоу во Гуангдонг.

Експертите предупредуваат дека тајфуните стануваат посилни, поттикнати од потоплите океани, поради климатските промени.

Јаги, кој прерасна во супертајфун во средата навечер, е јапонски збор за коза и за соѕвездието Јарец, митско суштество кое е половина коза, половина риба. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан