• четврток, 21 ноември 2024

Супертајфунот Конг-реј го погоди источниот брег на Тајван

Супертајфунот Конг-реј го погоди источниот брег на Тајван

Тајпеј, 31 октомври 2024 (МИА) - Моќниот тајфун Конг-реј денеска го зафати источниот брег на Тајван, па сите градови и окрузи мораа да прогласат слободен ден, а затворени се финансиските пазари и откажани се стотици летови поради, како што најавуваат, најголемото невреме во последните 30 години.

Невремето ги погоди планинските и ретко населениот округ Таитунг на источниот брег, наведе тајванската централна метеоролошка управа, а е проследено со силни ветрови и обилни врнежи од дожд што го зафатија речиси целиот остров.

Супертајфунот Конг-реј во текот на ноќта малку ослабна, но остана силен како еквивалент на ураган од четврта категорија со налети на ветрот од над 150 милји на час, наведе Tropical Storm Risk.

Метеоролошката управа на Тајван соопшти дека тоа ќе биде најголемиот тајфун што го погодил островот од 1996 година.

„Се надевам дека сите во земјата ќе соработуваат за да се избегне катастрофа и ќе се воздржат од опасно однесување како што е гледање бранови за време на тајфунЊ, напиша претседателот Лаи Чинг-те на својата Фејсбук страница.

Синоптичарите соопштија дека откако ќе го погоди источниот брег, тајфунот значително ќе ослабне и ќе се упати кон Тајванскиот теснец, но сепак ги повикаа жителите ширум островот да останат дома поради ризикот од силни ветрови.сд/

фото:Х

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан